Нов Зеланд – рајот на крајот на светот

20 јануари, 20120
10

Ниедно предвидување, ниеден датум, ниедна легенда не може да се совпадне со „крајот на светот“, како што може Нов Зеланд…Оваа островска земја се наоѓа близу Пацифичкиот океан, и со „придружните“ острови создава прекрасна слика и остава впечаток на уникатна локација. Географската изолација е дополнителен факт кој делувајќи како предизвик на нејзината убавина, годишно привлекува огромен број туристи.

Во близина на оваа островска земја се наоѓа и Австралија, а „соседи за гордеење“ на овој рај се: Нова Каледонија, Фиџи и Тонга. Сепак убавината што Нов Зеланд си ја „произведува“ има индивидуални црти и посебни карактеристики што ја прават посебна.

Синонимот „ крајот на светот“ е врзан со географската местоположба, а она што ја „отвара“ оваа убавица се спојот на флората и фауната кои со право ја идентификуваат со рај на земјата. Ретките видови птици се особеноста кои во комбинација со мирниот дух, се вистинска можност за релаксација и полнење на батериите…посебно, кога знаете дека феноменот на спојување на небото и земјата…е токму овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *