Семејството кое засега спаѓа во најбројното американско семејство доби уште еден нов член, бидејќи Кели Бејтс од Тенеси го роди своето 19-то дете. Најновиот член на семејството Бејтс е малиот Џеб Колтон, а мајката Кели (45) изјавила дека неговото име значи „Божји пријател“.
„Многу сме благодарни и среќни. Им благодариме на сите пријатели и семејството за нивните молитви и поддршка која ни ја даваат“, напишала мајката на семејниот блог.
Мајката Кели неодамна изјавила дека се чувствува сосема нормално кога е бремена, а скоро необично кога не е.
Куќата на семејството Бејтс има пет машини за алишта и три сушари, поседуваат и две комбиња за да може сите заедно да одат на патување.