Ти заслужуваш некој подобар
Ако ова ви го има кажано, тогаш навистина заслужувате некој подобар, но зарем не би требало сами да одлучите? Вистината е дека тој навистина сака да најде друга подобра, но се плаши да ви го каже тоа!
Премногу те сакам!
Вистинска мелодрама, но која е причината? Во ваков изговор ни дете не би поверувало!
Ми треба повеќе простор
Нејасната фраза поради која момците ги сокриваат вистинските работи: досадно ми е, ми треба нешто возбудливо, сакам да излегувам со други девојки….
Морам да се концентрирам на работата
Дали навистина е посветен на работата или само сака да ја избегне расправијата и сака елегантно да побегне?
Одиме премногу брзо
Не сака да биде сериозна врска или вас не ве сака доволно за сериозно да се врзе.
Морам да се пронајдам себе си
Филозоф или кукавица која не е подготвена да е соочи со вас и вистинска причина за тоа е престанок на врската.