Најдебелиот питон ќе мора да оди на диета! :)))

popara5 јануари, 20121min00
92232

Џиновката Бети во иднина ќе мора да се задоволи само со 3, до 4 кози годишно.

Сиднеј – џиновскиот питон од зоолошката градина во Австралија ќе мора да биде ставена на строга диета, откако било забележано дека забрзано се дебелее.

Кога женката питон достигнала 135 килограми, чуварите од градината за рептили се загрижиле за нејзниото здравје и решиле да ја стават на диета.

Така Бети во иднина ќе добива само 3 до 4 кози годишно. Инаку, оваа змија која е донесена од Америка во Австралијаво 2001 година, обично една коза ја проголтува за повеќе од еден час, а ја вари скоро две недели.

Иако, Бети е долга 6,5 метри, таа се уште не ја достигнала својата зрелост. Се очекува во наредните 10 години дека ќе се зголеми за уште десетина сантиметри. Питоните како Бети обично живеат во југоисточна Азија и покрај тоа што не се отровни, овие змии се опасни поради фактот што се дволно силни да проголтаат возрасен човек.

Виц:

Зајакот и вели на змијата:

–    Извини што те зезав дека немаш нозе.

–    Змијата: нема проблем, било поминало.

–    Зајакот: супер, ај дај си рука.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag