Најдобрите светски дестинации за Велигден

9 април, 20120
Jamaica-Beach

Иако точниот датум се менува од година во година, радоста за Велигденското патување, секогаш останува иста…

Велигден претставува прилика за патниците на најдобар можен начин да ги искористат дестинациите помеѓу пролетниот одмор и врвот на туристичката сезона. Ви претставуваме неколку дестинации со објаснување зошто истите се идеални места кои би требало да ги посетите токму за Велигден…

1. Мадрид, Шпанија – Шпанците навистина сериозно го доживуваат славењето на Велигден. За време на Semana Sante ( Светата недела  од Цветници до Велигден ), импресивни улични поворки можат да се видат во повеќето шпански градови. За време на таа недела, целата прослава се одвива во тажни тонови, а за Велигден, потполно сé експлодира, со светлина, бои и славење…

httpv://www.youtube.com/watch?v=UnjhfWV1TRA

2. Рим, Италија – Оваа Пролет ќе Ви биде првата прилика да уживате во вкусот на Медитеранот, без дополнителен слој облека. Ако морето не е Вашиот избор, отпатувајте во Рим. На Велики Петок, попладне традиционално се одржува миса на ватиканскиот плоштад Св. Петар, а навечер Папата предводи миса во Римскиот Колосеум. Велигденскиот ден започнува со утринската миса на плоштадот Св. Петар, по што Папата доставува Urbi et Orbi проповед.

httpv://www.youtube.com/watch?v=gvzZvPEnXng

3. São Brás de Alportel, Португалија – Ова е мало гратче во Португалија со нешто повеќе од 10. 000 жители кое го одликуваат многубројни цркви и пријатни плажи, што му дава посебен мир и пријатна атмосфера. На Велигденското утро целиот град се собира на едно место, за да учествува во единствената церемонија, па со шарени цвеќиња и украси се декорираат и улиците. Поворката тргнува од главната црква, а ја предводат свештеници и многу луѓе кои довикуваат слогани како „Христос Воскресе“ и „ Алелуја“.

httpv://www.youtube.com/watch?v=fCrqZTQDQy4

4. Вашингтон, Сад – Традиционалниот White House Easter Egg Roll е годишно случување во склоп на кое се повикуваат децата во Белата Куќа, кои симболично, во тревникот ги бараат скриените Велигденски јајца и уживаат во посетата на преслатките Велигденски зајчиња. Во овој период, вистинско уживање е да се прошета низ Вашингтон, поради харизматичното расположение и намалените политички случувања.

httpv://www.youtube.com/watch?v=0hHnPctlGoU

5. Кингстон, Јамајка – Велигденскиот фестивал се оддржува во Јамајка уште од 1990 година и секоја година започнува на плажата Jouvert во зори, на сам ден Велигден и трае до доцна навечер. Целата парада завршува со изведување на музичката композиција Road March, која ја изведуваат мажи во шарени униформи. Калипсо и реге, се музичките стилови кои преовладуваат, а ноќните клубови и рестораните за време на фестивалот имаат продолжено работно време.

6. Ерусалим, Израел – Побожните Христијани кои го слават Велигден би можеле да го посетат местото на кое Исус Христос бил распнат и воскреснал. Велигденското значење на тоа место, дефинитивно Ерусалим го сместува на листата на најдобри Велигденски дестинации.

httpv://www.youtube.com/watch?v=LuQBE6LGkeQ

7. Мазатлан, Мексико – Мазатлан со своите Велигденски свечености започнува со третиот најголем карневал на светот, веднаш по прославените карневали во Рио де Жанеиро и Њу Орлеанс.

8. Викторија, Австралија – Секоја година, за време на Велигден, во ова место се одржува фестивалот Остара, кое го слави паганскиот празник Остара, во склоп на кој се слават пролетта и плодноста, основите на кои всушност и е базиран самиот празник Велигден. Иако станува збор претежно за музички настан, ова место е интересно да се посети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi