Најгласното подводно чудовиште сеуште е тајна

25 февруари, 20120
0087007.48

Таинствениот звук кој е забележан во 1997 сеуште го бара својот сопственик. Имено, американската војска открила звук на кој сеуште до ден денес не му го знае изворот, а за кој се претпоставува дека е од животинско поттекло.

Звукот бил погласен дури и од оно кој го произведува китот, официјални најгласното животно на Земјата. Силата на звукот била толку силна да научниците ја споредувале со подводна детонација на бомба или ерупција на вулкан.

Иако звукат се слушнал во круг поголем од 5.000 километри, на крајот е заклучено дека веројатно не станува збор за такво нешто, туку дека изворот на звукот е живо битие.

Засега се знае уште дека изворот бил некаде во Тихиот океан, најверојатно западно од најјужниот дел на Јужна Америка.

Со оглед на тоа дека звукот бил дури неколку пати погласен од оној на китот, претпоставките за какво животно се работи произведе уште поголема фантазија од многумина.

Иако некои мислат дека така гласно битие веќе би го откриле доколку постоеле, поразителна е вистината дека е истражено само околу 10% од површината на океаните и се проценува дека во неистражените предели се наоѓа и до 50 милиони нови растителни и животински видови.

Така, можно е океанот да сокрива и некои битие поголемо од моментално најголемите познати животни, но тука се и оние малку „похрабри” теории од кои една тврди дека всушност станува збор за механичко-органски хибрид на подводна вонземјанска база. Но, тука се и оние кои се сигурни дека станува збор за митско битие кое некои го нарекуваат и – кракен.

За да се утврди точниот извор на звукот, веројатно ќе мора да чекаме уште години, за да се развие технологијата за истражување на најдлабоките и најмрачните делови на океанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi