За да го привлечат вниманието кон проблемот со сиромаштијата во Индија, група од 485 сиромашни дечиња маршираа облечени како својот херој Махатма Ганди, до што поставија нов Гинисов рекорд за најголем собир на луѓе облечени како познатиот индиски лидер.
Настанот бил организиран од ТRACKS, невладина организација инспирирана од добротворните дела на Мајка Тереза, во чест на Денот на мачениците и годишнината од смртта на Ганди во 1948 година.
Претставниците од невладината организација се надеваат дека со овој настан ќе се привлече внимание кон сиромаштијата на огромниот број на луѓе кои се приморани да живеат под отворено небо. Тие велат дека решиле да го следат примерот на Ганди и да ја употребат неговата ненасилна метода за да го добијат тоа што го сакаат.