Секој човек си има страст кон колекционерство на одередени работи, но некои луѓе навистина одат во крајности.
Еден од нив е и Стивен Паркер од Велика Британија, кој влезе во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на најголемата колекција на предмети од легендарните Штрумфови.
Стивен започнал да собира секакви играчки и други предмети од Штрумфовите уште како дете, а најголем дел од предметите ги купувал на улични продажби. Неговата рекордна колекција брои дури 1061 парчиња, а тој вели дека планира да ја проширува својата колекција до крајот на животот.