Сакате да ја вкусите најголемата пица на светот според Гинисовата книга на рекорди??? Тогаш фаќајте го авионот и веднаш во Лос Анџелес, каде се наоѓа најголемата пица на светот која може да ја купите.
Оваа пица се наоѓа на менито во Big Mama и Papa’s Pizzeria. Станува збор за вистинско чудовиште од пица во форма на квадрат широко и долго 1.37 метри. Ова задоволство ќе ве чини „само“ 199 долари, но навистина вреди за парите бидејќи со него може да нахраните околу 100 луѓе, се разбира ако сакате да го поделите со некого.
Не заборавајте дека доколку сакате да го вкусите ова задоволство, ќе треба да ја порачате пицата најмалку 24 претходно. Па вакво чудовиште навистина треба повеќе време да се направи.