И учењето може да ве однесе во Гинисовата книга на рекорди, како што потврдија и основните училишта низ Лондон.
27 училишта учествуваа на настанот, кој подразбираше одржување на час по англиски јазик, на кој симултано и истовремено се читаше книгата „Воениот коњ“ од авторот Мајкл Морпурго.
На настанот учествуваа 2735 ученици, од кои повеќето изјавија дека токму оваа книга е нивна омилена лектира.