Најголемите грешки при слабеење

22 јануари, 20120
d

Реалните или имагинарни недостатоци ги принудуваат претставничките на понежниот пол да се борат постојано со излишните килограми, при што не секогаш на крајот излегуваат како победнички. За да не го претворите слабеењето во реална опасност по здравјето, ќе ви ги опишеме најчестите и фатални грешки кои жените ги прават по време на диета.

Брзото слабеење – колку и да ве искушува перспективата да ослабнете брзо, секој еден лекар би ви кажал дека тоа е штетно и опасно. Организмот започнува со сета сила да се спротивоставува на загубата на телесна маса и се обидува да натрупа маснотии, затоа ќе станете уште посклони на дебелеење. Освен тоа при брзото слабеење во телото се ослободуваат продукти од полуразпадот на мастите кои се опасни по здравјето.

Гладување и строги диети – да се држи строга диета и да се гладува не е лесно, па најверојатно нема да издржите до крај и ќе го прекинете режимот. И за ова не треба да ја обвинувате својата слаба волја, организмот едноставно има потреба од храна, а да се борите против физиолошките потреби е практично невозможно. Освен тоа строгите диети не водат кон долготраен резултат. Телото диетата ја гледа како знак за опасност па започнува да штеди енергија забавувајќи го метаболизмот.  Процесот продолжува и после крајот на диетата, односно телото веќе добива повеќе храна, но сеуште ја штеди енергијата и од таму доаѓа јо-јо ефектот. А освен ова, при гладување и строги диети губите не толку масти, колку мускулна маса и вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *