Ова микро животно стои на дланката на една рака и позира за календар.
Минијатурните свињи се одгледуваат на една фарма на југот во Англија и се повеќе луѓе ширум светот ги купуваат како домашни животни.Свињите се толку мали и слатки што можат да стојат на дланката на едната рака и без проблем влегуваат во шолја за кафе.
Микро свињите биле инспирација за Ричард Остин да направи еден сладок ѕиден календар за наредната година.Според зборовите на камерманот свињите се природно надарени да позираат пред камера, а колку се популарни сведочи фактот што Остин ги распродал сите календари преку интернет.