Најмалото куче на светот, малата Луси, освои уште еден гинисов рекорд, за најкратко куче на светот кое работи.
Луси го превзема рекордот од Момо, малечка чивава која работи како полициско куче во Јапонија.
Луси, која има три години, и припаѓа на расата Јоркширски териер. Таа тежи 1.3 килограми и е висока само 14.5 сантиметри. Луси работи како куче за терапија во болници и центри за рехабилитација со деца со проблеми и инвалидитет. Таа е во сопственост на Сали Леоне Монтуфар од Њу Џерси, САД.