Њујорк е најнељубезен град во Америка. По него се Мајами и Лас Вегас.
Врз основа на истражувањето спроведено од страна на магазинот Time и списанието Leisure за 2011 година составена е листа на омилени но нељубезни градови во САД која е направена врз основа на неколку критериуми – од баровите и ноќниот живот, до културните настани, шопинг и самите луѓе.
Во веста се вели дека Големото јаболко, еден од најразновидните американски градови, е полн со контрасти кои можат да објаснат зошто понекогаш е “непријателски”.
“Њујоршските манири се непознати за повеќето луѓе, но всушност тие навистина не сакаат да биде груби”, пишува магазинот Time.
Мајами е вториот “нељубезен” град, според списанието, но за возврат се наоѓа на 4-то место по забавите и ноќниот живот во Америка и нуди голема новогодишна прославата. Вашингтон, Лос Анџелес и Бостон се меѓу првите пет.
Покер машини не се единственото нешто што може да ви го уништи расположението во Лас Вегас. Со тоа градот на Гревот се наоѓа на 12 место. Дури и не успеа да победи во категоријата за најдобар ноќен живот каде што Њу Орлеанс победи.
За највалкани градови во Америка беа прогласени Њујорк и Балтимор, а Њујорк и Лас Вегас се најгласните.
Во студијата учествувале туристите и жителите на градовите.