На аукцијата Кристи, одржана во ноември, наизглед обичната фотографија го сруши светскиот рекорд за најскапа фотографија. Фотографијата на Андреас Гурски „Rhein II” достигна цена од неверојатни 4,3 милиони долари, и така го надмина претходниот рекорд поставен од „Untitled #96” на Синди Шерман која заработи 3,89 милиони долари во мај 2010.