Најскапиот сладолед на светот

popara13 мај, 20121min00
Opulence-Sundae

Со доаѓањето на жешките денови, многумина ќе посакаат да се разладат со сладолед,едно од најомилените задоволста во светот.Но сладоледот кој што го нуди еден ресторан во Њујорк не само што е ладен и сладок туку е и позлатен.

Ресторанот Серендипити 3 може да се пофали дека угостил многу познати личности, како што е Мерлин Монро, Џек Кенеди кои биле негови редовни гости.

Овој објект исто така послужил како сценографија за филмот Серендипити од 2001 година со Џон Хјусак и Кејт Бекинсел во главните улоги.

Правата ѕвезда во овој ресторан е всушност “Opulence Sundae”, замрзнато благо покриено со снегулки од 23 каратно злато.Тие кои што сакаат да го пробаат овој златен десерт мораат да го нарачаат два дена однапред и секако да одвојат 1000 долари.

Како што пренесува CNN  50 луѓе годишно го нарачуваат овој десерт кој се состои од сладолед со вкус на  Тахити ванила прелив од најубавото Тосканска чоколадо и кандирано овошје се тоа сервирано во кристален сад со златни лажици.

Овој богат вкус и единствен изглед заслужува 1000 долари- вели шефот на ресторанот

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag