Рекордот за најскапото чоколадно јајце на светот (во категоријата чоколадни јајца без скапоцени камења) беше соборен во Лондон каде беше продадено чоколадно јајце тешко 50 килограми.
Јајцето, кое е дело на британскиот изработувач на чоколади Вилијам Чули, беше продадено за 7000 фунти на бизнисменот Кирис Вандервала.
Јајцето е направено од Амадеи чоколадо произведено во Венецуела, чоколадо кое важи за едно од најубавите чоколади на светот. Освен чоколадото, филот на јајцето е направено од мусковадо карамела, јапонски црн оцет, печен сусам, боровинки, рузмарин, маслиново масло и малку златна прашина.
Јајцето-рекордер беше продадено на добротворната акција Фабреже Биг Ег Хант, која е дел од настаните посветени на рушење на рекорди кои ќе траат се до почетокот на Олимписките Игри.