Најслабата жена на светот: Има 25 килограми, а бројни обожавателки сакаат да бидат како неа!

20 декември, 20120
najslaba zena

Најслабата жена на светот, Валериа Левитин, тежи само 25, 4 килограми,  висока e 1,72 метар и според советите на лекарите, би требала да тежи најмалку 56 килограми.

Валериа е родена во Русија, но сега живее во Монако. Вели дека добива многу писма од обожавателките кои би сакале да изгледаат како неа.

“Добивам бројни писма од девојки кои сакаат да бидат како мене. Тоа главно се девојки на возраст од околу 20 години и ме гледаат како инспирација”, раскажува таа.

Valeria Levitin 01

Но, поттикната токму од писмата, Валериа решила јавно да прозбори за својата состојба и да се вклучи во кампањата против анорексија.

“Одбивам да ги учам како да умираат”, вели таа.

Се почнало кога нејзината мајка, поради некои предебели роднини, на Валериа почнала да и ги ограничува оброците и често да и ја мери тежината.

Тоа продолжило и на тинејџерската возраст, а со 23 години, Валериа паднала на само 20 килограми. Толку долго не јадела некои продукти, како леб или шеќер, така што нејзиниот организам веќе не можел ниту да ги преработи.

Валериа, сега, сака нормален живот и деца, но нејзиниот организам ни тоа не може да го издржи, така што сега планира да се врати во Москва и да се обиде да формира семејство со помош на сурогат-мајка.

Валерија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi