Американец на 95 години сеуште настапува со перика и црвен нос.
Флојд Крикмор од Грејт Фолс во Монтана влегол во Гинисовата книга како најстариот активен кловн.Флојд има 95 години а настапува под името Крик.
Уште како дете, кога циркусот ќе дојдеше во нашиот град бев маѓепсан.Тајно земав часови од кловновите кога ќе дојдеа во градот.Живеев и работев на фармата на моите родители и би побегнал за да им се придружам на кловновите , да не знаев колку им беше потребна мојата помош-рекол Флојд за локалниот весник.
Цел живот работел на фарма, а откако отишол во пензија станал кловн со поно работно време и се придружил на едно хуманитарно здружение кое организира забавни програми за болни деца.
Флојд официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар активен кловн, и вели дека сеуште настапува со црвен нос, перика и големи чевли.
Ова е мојот животен повик за тоа сум роден- вели тој.