Две британки се најстарите сестри според Гинисовата книга на рекорди.
Овие две сестри заедно имаат најмногу години, поточно 213 години, 3 месеци и 27 дена. Постарата сестра, Dorothy Richards има 108 години, а помладата Marjorie Ruddle 105 години.
Овој рекорд го прославија со забава до домот за стари лица. На прашањето која е тајната на нивната долговечност, помладата сестра одговорила: „Напорна работа“.
„Мислам дека прекрасно што заедно го доживеаа ова“, изјавил синот на помладата сестра.
Инаку за време на нивниот живот, Британија има сменето 26 премиера, се случиле две светски војни, а кога била крунисана кралицата Елизабета во 1952 година, едната имала 48, а другата 45 години.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hUGQ8yO8jkM