Најубавите грчки острови – магнет за туристите !!!

29 јуни, 20120
1

Грција е популарна туристичка дестинација, место за одбор кое го бираат туристи од сите краеви на светот. 227  населени острови се опкружени со кристална вода, сочувана природа и плажи со светски квалитет…

Ние, Ви ги претставуваме најдобрите:

1. Санторини – Најпознатиот, најсликовитиот и туристички најпосетениот остров во Грција. Санторини е вулкански настанатиот остров, местото со прекрасна глетка кога заоѓа сонцето и со специфични плажи од бела, црвена, сива и црна песок. Припаѓа на островската група Киклада. Туристичката атракција Санторини се два мали вулкански острови: Palea Kameni и Nea Kameni, а покрај фантастичните плажи, островот е познат и по прекрасната архитектура.

2. Крит – Крит е најголемиот грчки остров, петти по големина на Медитеранот. Важи за еден од најубавите грчки острови, чиј главен адут се преубавите плажи и убавото време. Брегот е долг 1050 метри. Ханија се смета за најубавиот дел од островот, Хераклион е главниот град и најпознатото туристичко место. Крит е познат по Минојската цивилизација и палатата во Кносос, богат е со атракции, преубава и разновидна природа.

3. Миконос – Миконос има најубави плажи, најлуд ноќен живот и космполитски карактер. Омилената дестинација на светскиот џет – сет, е местото кое елитата го бира за одмор. Миконос е дел од Киклада и важи за едно од најскапите одмаралишта.

4. Хидра – Хидра е еден од најубавите грчки острови со единствена архитектура, место на кое на секој чекор се чувствува традиционалниот грчки дух. На овој остров се забранети моторни возила, а до единствената песочна плажа се доаѓа со траект.

5. Кефалонија – Припаѓа на групата Јонски острови и е најголем во неа. На овој остров се наоѓаат најубавите плажи во светот, а најпозната е Миртос, која е рангирана како најубава во светот. Виното произведено на нејзината територија важи за едно од најдобрите светски вина.

6. Парос – Ова е веројатно најтипичниот грчки остров, еден од островите од групацијата Киклада. Плажи, ноќен живот, сместување… На овој остров се е на високо ниво. Главниот град Парос е со поплочени патеки, стари цркви, куќи офарбани во сино и бело и мали продавнички.

7. Крф – Плажите на Крф се меѓу најубавите плажи во Грција. Поголемиот дел од нив се наградени со сино знаме. Крф е местото со природни убавини, местото во кое се спојуваат традиционалното и космополитското. Има премногу културно историски знаменитости, а стариот град се наоѓа на листата на UNESCO.

8. Скијатос – Островот е опкружен со борова шума, која се протега до морето, а ја опкружуваат и неговите песочни плажи. Скијатос е дестинација за сите возрасти. Ја посетуваат семејства со деца, но и млади кои сакаат ноќен живот.

9. Родос – Домот на едно од седумте светски чуда . Најголемиот и најјужен остров во Додаканез, местото кое грците го бираат за одмор. Возбудливиот ноќен живот и добра кујна и кристалните плажи се она што ги привлекува туристите од целиот свет.

10. Иос – Најјужниот остров од групата Киклада, популарно помеѓу младите поради бурниот ноќен живот и преубави плажи. Центарот на сите случувања е главниот град Хори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi