Најважните правила за успешна врска

25 ноември, 20120
true-love-750x300

Сакајте ги само оние што ве сакаат!

Ако жените го знаат и практикуваат ова правило, повеќето од нив би заштедиле 95% од разочарувањата. Останатите 5% ќе се врски каде партнерот е заслепен од љубов, но Ева не чувствува таква приврзаност. Жените обично трчаат по мажи кои не сакаат сериозни односи. Тие им изгледаат поинтересни, понедостапни, повозбудливи. Во почетокот може би да, додека се млади и самоуврени и веруваат дека можат да го сменат ваквиот човек. И додека разберат дека никогаш нема да успеат, веќе се стари и уморни.

Сексот секогаш е важен!

Што е поважно – сексот или љубовта? Единствениот правилен одговор е – и двете. За многу парови единствениот начин на комуникација е сексот. Кога креветот олади често истото се случува и со партнерството. Сексот не смее да се подцени. И не надевајте се дека со тек на време сексот ќе се подобри. Во сексот или ќе си одговарате уште во почетокот, или никогаш!

Ако и го направил тоа нејзе, ќе го направи и со вас!

Можеби не веднаш и не на истиот начин. Мажите кои се однесуваат лошо со жените, не се менуваат. Можеби извесно време ќе се воздржи, но на крај ќе си ги покаже роговите. И за вас важат правилата за коректна игра.

Кога најпосле ја откриете љубовта, бидете искрени!

Копнежот да имате дете, стравот дека никогаш нема да ја постигнете посакуваната кариера, парите, кои сте ги штеделе за нови чевли – за се бидете искрена! Искреноста крие ризик но е најдобриот предуслов за создавање квалитетна врска.

Не дозволувајте „ние“ да го замени „јас“

Сигурно веќе сте го слушнале ова, но верувајте така е: ако сакате да бидете среќна со некого, треба да бидете среќна пред се со самата себе. Најлошото може да се случи ако се откажете од се свое во името на заедничкото. Сепак вашиот живот не почнал во мигот кога сте го сретнале, нели? Ќе дојдат и заедничките пријатели и заедничките интереси. Но зошто да се лишувате од старите?

Повеќе заеднички интереси – потрајна врска!

Да, спротивностите се привлекуваат, но ако сакате да останете подолго време заедно не заборавајте дека различната културна средина, интелектуален и душевен спектар и животни приоритети ја намачуваат таквата возможност.  Колку помалку разлики, толку помалку причини за конфликти ќе имате.

Досадата е убиствена…

Без разлика на тоа дали е богат, убав, успешен или интелигентен, ако почувствувате дека ви е досадно со него, бегајте веднаш! Особено ако сте биле со други момчиња претходно со кои ви било интересно, забавно, весело и пријатно и веќе знаете како треба да изгледа тоа…пеперутките во стомакот…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi