Наполни 12 години во 12 часот на 12.12.12

12 декември, 20120
kori

Кори Смит денес наполни 12 години и тоа точно на пладне, во 12 часот.

Тој е роден на 12.12.2000 година, точно во 12 часот на пладне, па неговиот дванаесетти роденден ќе го прослави на интересен и сосема необичен датум.

-Неколку месеци откако се роди ни светна дека неговиот дванаесетти роденден ќе биде од необично значење поради интересниот датум. Тој е пресреќен што може да се пофали со ваква необична статистика, вели таткото на Кори, Џејсон.

Кори обожава фудбал и сака оваа сезона да постигне 12 голови.

Денес својот дванаесетти роденден го слави и Џек Кели од Дерби, којшто е роден 12 минути пред полноќ, на 12.12.2010 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *