Компанијата LG оваа недела ќе го претстави својот прв 55 инчен Oled телевизор, технологија која нуди многу тенки екрани, остра боја и побрзи слики од било кој друт тв уред.
LED-OLED технологијата има голема примена во паметните телефони, но производството на големи екрани досега била премногу скапо.
Телевизорот е дебел само 4 милиметри, а тежок само 7,5 килограми. Има четри бои на пикесели наместо вообичаените три, што овозможува висок контраст, остри слики со реални брои.
„Имаме производ кој ги исполнува сите карактеристики на OLED LCD екраните, но по многу пониска цена“, изјавил Хавис Квон извршниот директор на компанијата “LG електроникс“.