Живееме во свет каде пластичните операции и третманите за убавина веќе се правило, а не исклучок. Ама има и луѓе кои навистина одат во крајности, како Жаклин Кох, која направила повеќе од 10 пластични операции за да изгледа како Аниме девојка од јапонските цртани.
29 годишната Жаклин од Сингапур потрошила повеќе од 136.000 долари за да изгледа како типична Аниме девојка, со големи очи, мало носе и мала брада, слабо лице, и се разбира огромни гради.
Освен парите за операција, Жаклин троши околу 1000 долари годишно на Ботокс и околу 100 долари месечно за маски за лице, а секојдневно троши по 2 часа на разубавување. Е ова е девојка скапа за одржување.