Светот не е во опасност од апокалипса на 21.12.2012 година, изјавиле од НАСА.
„Можете мирно да спиете на 21.12.2012“, изјавил астрономот Дон Јеоманс од НАСА.
Тој објаснил како не постојат никакви докази дека на Земјата и се приблужува планета која ќе се судри со неа.
Датумот 21.12.2012 година е всушност и последниот ден од календарот на древните Маи, па многумина научници врз основа на тоа заклучија дека тоа е денот кога ќе дојде крај на светот или пак крај на човековата цивилизација.