Ако ви го расипавме оброкот се извинуваме. Ова животно неодамна беше пронајдено во Бразил. Имено, откако инженерите ја испразниле хидроелектричната брана откриле слепа змија. Биолозите пронашле пест вакви животни покрај реката Мадиера, а секоја од нив била долга скоро еден метар.
Atretochoana eiselti е откриена уште во ноември месец, но научниците до ден денеска неможеле да го утврдат точното потекло. Иако наликува на водоземец, ова животно најмногу наликува на змија.
„Иако личи на змија, тие не се влекачи, туку повеќе се слични на жабите и водоземците. Веруваме дека дишат преку кожата, а веројатно се хранат со мали риби и црви“, изјавил биологот Антонио Тупан.