Не лажеле! Маите не предвиделе крај на светот,туку иднината за 3500 години!

popara12 мај, 20121min01
маи

Старите Маи не ја превиделе апокалипса оваа година.Напротив предвиделе нов временски циклус,а новооткриените записи на ѕидовите на рушевините во Гватемала ја откриваат опседнатоста на древните Маи со временскте циклуси, а не апокалипса.

Новите записи исто така покажуваат дека Маите имале календар кој ја надминува 2012,  за која досега се веруваше, според легендата, дека Маите го предвиделе „крајот на светот“, пренесува USA Today. Ете,толку од наводниот крај на светот, заклучува археологот Вилијам Сатурно од Бостонскиот универзитет и автор на студијата, во која се претставени новите записи од Гватемала, кои исто така се објавени и во списанието Science.

Записите се откриени во урнатините Xultun, а се работи за астрономски календар, кој е пронајден во затрупана просторија за пишување. Броевите, кои ги пронајдовме покажуваат дека Маите имале голема опсесија со временските циклуси. Маите најверојатно броевите ги имаат запишано во таа просторија, исто како и во просторијата која ја пронајдоа шпанските освојувачи појасни Сатуро.  Xultun е откриена во далечната 1915 година и се верува дека некогаш била голем центар на цивилизацијата и културата на Маите. Дури пред две години археолозите забележаа дел од споменатата затрупана просторија, која успеала да го сочува богатството од крадците.

Ѕидовите на просторијата имаат мурали и  хиероглифи на нив впишани во редовите помеѓу сликите. Календари кои се пронајдени претставуваат временски циклуси како што се на церемонијалниот календар на 260 дена, стандардниот годишен календар од 365 дена, календар од 584 дена на Венера и календар од 780 дена на календарот Марс.

Меѓу бројките и датумите, пронајдени се и оние кои одговараат на години после 3.500 година, што е многу подлечна иднина од  2012 година.

 

 

 

 

.

 

 

 

 

One comment

  • Дејан

    13 мај, 2012 at 00:27

    Па, можеби Маите не мислеле на крајот на светот од материјална гледна точка, туку во промена на свеста на луѓето, која како што гледаме сигурно нема да се случи спонтано! Така да можеби ќе се случи некој настан од глобални размери, кој ќе го измени погледот на луѓето кон животот и приоритетите кои си ги зацртале! Доволно е науката да обелодени, на пример: “Денес контактиравме за прв пат со една вонземска раса, и тие се на пат кон Земјата за да оствариме и физички контакт!” Па, што мислите, нели работите би се измениле од корен? Нели би почнал нов циклус за човештвото? Ова е едно од можните сценарија за 2012, а што навистина ќе се случи, ќе дознаеме … наскоро!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag