Не се откажувам лесно…и за ништо не жалам!

10 февруари, 20120
gg

Помнете го најважното – дека се што ни се случува во животот е за наше добро. Не жали за секој пат кога си паѓал штом секогаш си се исправувал. Знам дека многу од вас сега нема да се согласат, но погледнато од дистанцата на годините, секој од вас сам ќе се увери дека е така. Човекот чекори по патот на животот и се може да се случи на тоа патување. Тој не се родил мудрец, за да ги знае одговорите на се.  Никој ги нема сите одговори. Дури и самиот Соломон едва ли ги знаел сите одговори. Враќањето назат во минатото нема да ги смени фактите, само ќе ви го земе времето што припаѓа на сегашноста и ќе му го даде на минатото. Нема човек што не се самообвинувал велејќи – „Ако постапев поинаку…ако изберев нешто друго…ако…“ Престанете да се тревожите за минатото – тоа ве направило такви какви што сте сега, добри или лоши, но пак вие сте тие што можат да ја сменат иднината и само тоа е она вистинското. Животниот пат на луѓето можеме да го споредиме со учениците, во почетокот си забаваче, потоа средно школо, па факултет…и така секој од нас постепоно си ја учи својата животна лекција и стигнува на се повисок степен на еволуција и развој.

Животот продолжува да ги дава своите лекции и дали вие ќе сте спремни или не, тој нема да застане поради вас. Затоа престанете да се бичувате самите. Ако мислите дека вие сте згрешиле, а сите околу вас се идеални, многу сте во заблуда. Секој ја има својата мрачна страна! Едноставно е време да продолжите напред, дури и со белези во душата…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma