Краток разговор со себе си.
Некој ден ќе престанам да се борам за животот, за кој верувам дека го заслужувам…но не и денес.
Некој ден ќе поверувам дека Патот е повеќе страшен, отколку славен…но не и денес.
Некој ден можеби и ќе се помирам со тоа да бидам како сите…но не и денес.
Некој ден ќе се задоволам од постигнатото…но не и денес.
Некој ден ќе се откажам да барам нови патишта кон совршената љубов…но не и денес.
Некој ден ќе ја заменам тврдата почва на бојното поле со мека постела…но не и денес.
Некој ден ќе се откажам од моите соништа…но не и денес.
Некој ден ќе паднам на колена и нема да имам сили да се исправам повторно…но не и денес.
Некој ден ќе поверувам на другите, дека судбината ми е предодредена…но не и денес.
Некој ден ќе бидам како „сите останати“ …но не и денес.
Некој ден ќе се научам да бакнувам дебели задници…но не и денес.
Некој ден ќе престанам да го барам вистинското Јас…но не и денес.
Некој ден мојот живот нема да биде авантура…но не и денес.
Некој ден и јас самиот ќе бидам само спомен…но не и денес.
2 comments
karolina
5 април, 2012 at 11:43
nemam komentar
karolina
5 април, 2012 at 11:42
nekoj den no ne denes