Еден британец се кладел со својот пријател дека за пет години ќе ги излиже сите катедрали во земјата.
Во “лижечки поход” се впуштил кон крајот на 2011 година.
Лоренс Едмондс (26) посетил веќе 42 катедрали во Велика Британија и секоја од нив ја излижал.
Тој за своето небично хоби веќе има пропатувано осум илјади километри.
До крајот на мисијата ќе помине уште три пати повеќе, бидејќи сега тргнува во поход на катедралата во Шкотска, Ирска и Велс.
“Веќе и не се сеќавам зошто се кладевме во лижење на катедрали, но јас до сега поминав многу места на кои никогаш досега не сум бил”, вели Лоренс.