Кумот, роден во мај 2005 година и тежок 570 килограми гордо стоел покрај младенците додека ги изговарале заветите.
Американскиот ренџер Роналд Бриџис (61) од Тексас го избрал својот бизон за кум на венчавката со својата сопруга Шерон.
Брачниот пар кој има три деца, Лојд, Вил и Тејлор сакале да направат нова венчавка, а бизонот го сметаат како дел од семејството. Тој слободно си шета по дворот и има своја соба во која јаде и спие.