Жената од Солт Лејк Сити се изненадила кога во кутијата со тампони која која купила од локалната продавница, пронашла кокаин.
Синди Давидсон ја отворила кутијата и сфатила дека некои тампони предходно биле отварани. Односно некој ги извадил тампоните и ги заменил со белиот прав во целофан. Пакетчињата биле толку цврсто затворени што неможела да открие што се наоѓа во нив.
Наместо производителот, таа ја повикала полицијата, која набрзо сфатила дека се работи за кокаин кој на овој начин се обиделе криминалците да го дистрибуираат.
Полицијата се обидува да дознае кој стои зад овој настан, а продавницата ги повлекла од продажба тампоните.