Еден од ангелите на Victoria’s Secret и сопруга на актерот Орландо Блум, се појавила во уште една кампања од познатиот бренд на долна облека. Овој пат станува збор за најновата летна колекција на Victoria’s Secret.
Миранда на фотографиите изгледа феноменално и потполно неодоливо, па можеме да заклучиме дека нејзиниот сопруг е вистински среќник.
Поради тоа што нејзините колешки Адријана Лима и Алесандра Амбросио се бремени, може да се очекува дека и убавата Миранда, која со актерот има веќе има син, наскоро да посака уште една принова.