Jaguar ја претстави нова генерација на дизајн кој ќе има 3,0 литарки V6 мотор со капацитет од 367 коњски сили. Jaguar C-X16 ќе може да развие брзина од 100 километри на час за 4,3 секунди. Хибридниот систем му овозможува да вози со околу 90 километри на час со електричниот мотор. Дизајниран беше од тимот кој ги дизајнираше моделите XJ, XK и XF.