Бугарскиот уметник Пламен Игнатов ги посветил последните 16 години на создавање на прекрасен и детален модел од Рилскиот манастир, за чија изработка му биле потребни околу 6 милиони чкорчиња.
Целиот манастирски комплекс е изработен во неверојатни детали, со мали статуи и икона од Исус поставена на еден од ѕидовите. Рилскиот манастир е најголемиот и најпознатиот манастир во Бугарија и е прогласен за наследство од страна на УНЕСКО.