Неверојатна приказна – Застани и слушни ја музиката

popara18 февруари, 20121min00
bell

Во една метро станица во Вашингтон еден човек почна да свири на својата виолина; ова се случуваше во едно студено јануарско утро. Тој отсвире шест дела на Бах за околу 45 минути. За тоа време беше пресметано дека 1.100 луѓе поминале низ станицата, повеќето од нив одејќи на работа.

Три минути откако почна да свири, еден средовечен маж забележа дека има музичар кој свири. Тој го забави својот чекор, и застана за неколку секунди, а потоа забрза да си ги исполни своите обврски.

Една минута подоцна, виолинистот го доби својот прв долар, една жена фрли пари во кутијата и без запирање продолжи да оди.

Неколку минути подоцна, еден човек се потпре на ѕидот да го слуша, но човекот погледна во својот часовник и си замина. Јасно е дека тој се брзаше за работа.

Најмногу внимание даде едно 3-годишно дете. Детето брзо чекореше со мајка му, но тоа застана да го погледне и слушне виолинистот. Но мајката, која брзаше, го одвлече и тие си продолжија по патот. Оваа акција беше повторена од страна на неколку други деца. Сите родители, без исклучок, ги присилија да продолжат понатаму.

За време на свирењето од 45 минути,  само 6 луѓе запреа и останаа за некое време да ја послушаат музиката. Околу 20 луѓе му дадоа пари, но продолжија да одат со нивното нормално темпо. Музичарот собра 32 долари. Кога тој заврши, настапи тишина. Никој не го забележа. Никој не аплаудираше, ниту пак му оддаде било какво признание.

Никој не знаеше, но виолинистот беше Џошуа Бел, еден од најталентираните музичари во светот. Никој не забележа, но тој го отсвири едно од најпознатите и најсложените музички дела некогаш напишани, на виолина во вредност од 3.500.000 долари.

Два дена пред неговото свирење во метрото, Џошуа Бел го имаше распродадено театарот во Бостон каде што една влезница во просек чини 100 долари.

Ова е вистинска приказна. Настанот во кој Џошуа Бел свири инкогнито во метро станица беше организиран од  Washington Post, како дел од социјалниот експеримент за перцепцијата, вкусот и приоритетите на луѓето. Содржината беше: во вообичаена средина во несоодветно време – Дали ние согледуваме убавина? Дали запираме за да ја испочитуваме? Дали препознаваме талент во неочекуван контекст?

Еден од можните заклучоци од ова искуство може да биде:

Ако ние немаме еден миг да запреме и да го слушнеме еден од најдобрите музичари во светот, кој свири едно од најдобрите музички дела некогаш напишани, колку други работи ние секојдневно пропуштаме?

httpv://www.youtube.com/watch?v=hnOPu0_YWhw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag