Неверството нема друго име!

popara5 јануари, 20121min00
2

Како животот да ти се расцепил на два дела, до неверството и после него. Се ти се чини толку неправедно, навредливо и болно, како да е крај на светот. На твојот свет, подреден и удобен и не разбираш зошто ова се случи. Не е важно како си открила, макар што изневерените обично дознаваат последни. После ледената болка доаѓа помирувањето, но дотогаш буквално го разбираш значењето на изразот „како од срцето капе крв“…И не можеш да мислиш логично. Дури воопшто и не можеш да мислиш. Веројатно си плачела, или вриштела, или си барала катче каде како див ѕвер да се скриеш, знаејќи дека нема да можеш. Колку повеќе ги осознаваш фактите, гневот бара и најмал процеп да избувне, зошто иначе ќе експлодира внатре во тебе. Очајно имаш потреба од време, зошто велат дека тоа лекувало. Но дотогаш ќе треба да се справиш сама. Е, можат да се најдат и пријатели кои 100% ќе те тешат и жедно ќе им ги слушаш зборовите, без тие ни малку да допрат до тебе. Зошто се чувствуваш употребена. И фрлена. Се чувствуваш како жртва. И ете стигнавме до вистината. Не ставај сол на раната, велат луѓето, но ние точно тоа ќе го направиме. Длабоко во раната, до крај. Само така ќе можеш да погледнеш на ситуацијата со други очи. Вистината е дека никој на никого не припаѓа. Предавството нема друго име! Луѓето се среќаваат и разделуваат и секогаш неверството присуствувало како дел од животот. Не си првиот човек, нема да си ни последниот. Прими го ова не како казна, прими го како заштита од поголемо зло.

Ти едноставно ќе продолжиш! Ќе продолжиш слободна!Се разбира откако ќе помине периодот на оваа слика, зошто човек се созема и после тешка болест, а неверството е нешто слично. Многу е тешко сега да разбереш што е награда,а што казна. После извесно време ќе знаеш – сигурно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag