Откако пејачката Бијонсе роди девојче во Њујорк, родителите на другите новороденчиња во болницата почнале да се бунат. Всушност, поради приновата во семејството на познатата пејачка и раперот Џеј Зи зголемена е безбедноста во болницата.
Поради тоа на еден тако на близначиња веќе два дена му е забранет пристапот до болницата и не може да си ги види своите синови.
“Три пати ме запреа на влезот во породилното одделение”, нервозно изјавил Нил Кулон загрижен за своите предвремено родени синови.