Noble конечно ја прикажа верзијата на M600 за производство и да, автомобилот изгледа дека е добар како што го рекламираат. Изгледот на супер автомобилот се одликува со тенки и мазни облици што и не “плаче” за внимание секој пат кога ќе го погледнете, за разлика од другите супер автомобили. За оние од вас кои мислат дека еден суптилен, а сепак агресивен дизајн на супер автомобил не може да функционира, M600 е доказ дека тоа дефинитивно може. Но, Noble M600 исто така дели и неколку сличности со другите супер автомобили. Тоа не значи дека Noble ја краде шилестата форма и други дизајнерски елементи од своите конкуренти, туку ги користи како инспирација за дизајн на автомобил кој изгледа зачудувачки. Неговиот мотор е 4.4 литарски V8, со 650 коњски сили, кој постигнува од 0-100 км/ч за 3 секунди и максимална брзина од 360 км/ч.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ck-oQ4LLZnw