Nokia купи уште еден оперативен систем

popara9 јануари, 20121min00
14656704f0812f52e11f235404821_330x225

Финската Nokia ја купи норвешката компанија Smarterphone, чиј главен производ е истоимениот оперативен систем за обичните мобилни телефони.

Купувањето се случило минатиот ноември, но инвестиционата фирма Ferd Capital, како еден од инвеститорите кои во Smarterphone вложија 6,5 милиони евра во 2007, го објави дури сега.

Компанијата Smarterphone која порано го имаше името Kvaleberg, по името на својот основач, софтверскиот архитект Егила Квалеберг, специјализираше софтвер кој на производителите на мобилни телефони им овозможува простите видови на тие телефони да ги опремат со функционалностите на расположливите паметни телефони или да ги направи да изгледаат попаметни.

Дали Nokia ќе го задржи Smarterphone како трета платформа за своите уреди, покрај постоечките две – S40 и Windows Phone или само купила талентирани софтвери и нивното знаење, останува да се види. Финансиските детали на оваа трансакција не се објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma