Десет инчен Windows 8 таблет со двојадрен Qualcomm чип под брендот Nokia, би можел да биде претставен на крајот на годината, велат извори на Digitimes.
Меѓутоа, последниот квартал на 2012 е најраниот датум кога овој Nokia таблет би можел да се очекува, пишува овој сајт.
Таблетот ќе работи на Qualcomm SoC чип, а за Nokia таблетот ќе го произведува Compal Electronics. Првата испорака би требало да содржи 200 илјади единици.
Дали Nokia ќе одлучи и таблетот да го нарече Lumia И дали визелно ќе го следи изгледот на Nokia Windows смарт телефонот, не е познато, како ни останатите детали поврзани за овој таблет.
Нов Windows 8 и Nokia хардвер, дали оваа комбинација посериозно ќе го загрози новиот iPad?