Француската полиција уапси едно лице на железничката станица во Ница, на Азурниот брег, кое пренесувало во стомакот 1,3 килограм кокаин. Локалните медиуми јавија дека лицето е на возраст од триесетина година и патувало од Барселона за Италија. Дрогата била спакувана во стотина мали топчиња што ги имал голтнато. Полицијата не соопшти како дознала дека лицето пренесувало дрога.