Нов рекорд во нуркање – нуркал без престан цели 192 часа

7 јануари, 20120
ginis

Турскиот нуркач Чем Карабеј постави нов гинисов рекорд во контролирано нуркање откако успеа да остане под вода цели 192 часа, 19 минути и 19 секунди.

Карабеј го извел својот подвиг во специјално направен огромен базен во Активити Плаза во Истамбул, а водата во базенот била поставена на 35 степени.

Карабеј влегол под вода на 21 октомври, а излегол на површина на 29 октомври, на денот на прославата на државноста на Турција.

Со новиот рекорд Карабеј успеа да го сруши својот претходен рекорд поставен во 2009 година, кога остана под вода 48 часа. Тој вели дека во 2012 година планира да постави уште 2 нови гинисови рекорди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi