Нова колекција на накит од “Vionnet”
27 декември, 20120
“Vionnet” компанијата за дизајн на накит за 2012 година поготви оригинална и богата колекција…
Полноста и геометријата се главна тема на оваа неверојатна колекција на свеж и елегантен изглед. Новата линија на накит го креирале најискусните дизајнери на францускиот бренд “Vionnet”. Поигрувајќи си со боја, форма, материјали и димензии “Vionnet” пласира оригинали на пазарот, досега невидена колекција на накит во различни форми.
Во колекцијата за 2012 година може да се видат прстени, белегзии и брошеви кои се направени од злато со највисок квалитет, а нивниот облик никого не остава рамнодушен. Целата колекција е полна со неверојатни експерименти со облик на метали и нивниот комплетен дизајн.
Ви претставуваме дел од примероците на оваа колекција!