Нова мода!!! Папата како моден додаток?!?! :)))

14 февруари, 20120
Nicki Papa

Сите ја сакаме Ники, но понекогаш знае да претера. Откачената пејачка одлучи уште еднаш да ја изненади публиката со својот имиџ, но наместо розови перики, костими и сто бои, Ники на Греми наградите се појави во свештеничка облека. Долгиот црвен фустан од сатен целосно го покри атрактивниот секси изглед на пејачката, а под качулката се ѕиркаше нејзиното лице и неколку плави кадрици. Се разбира, дека сè што носи Ники мора да биде со потпис, па овој чуден костим беше потпишан од Версаче. Ники со себе не носеше никаков накит, ниту пак чанта, туку како моден додаток избра црвени сатенски ракавици и Папата! Поточно, со цел подобро да го претстави својот костим, пејачката најмила “двојник“ на Папата кој ја придружувал на црвениот тепих. Можеби нема вкус, но мораме да признаам – кога Ники нешто ќе смисли, тогаш идеја ја реализира беспрекорно до крај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma