Новата супер храна – компирите

popara12 мај, 20121min00
i

Малкумина знаат дека компирите според нутриционистите се една од супер храните, полна со витамини, минерали и хранливи материи.

Според последната студија, компирите се многу подобри од бананите, брокулите, црвеното цвекло, јатките и авокадото во повеќе аспекти. Експертите трдат дека луѓето погрешно ги занемаруваат компирите, за сметка на модерни и поскапи алтернативи.

Компирите содржат 5 пати повеќе растителни влакна од бананите на пример и имаат повеќе витамин Ц отколку во 3 авокада. Минатата година една студија покажа дека консумацијата на компири 2 пати дневно може да го намали високиот крвен притисок.

Една друга пак студија покажала дека компирите содржат поголемо количество од минералот селен, отколку многу други продукти, како например повеќето семки и јатки.

Исто така не треба да ве загрижува дезинформацијата дека од компири се дебелее. Ако се приготвени печени или варени, и ако се консумираат во умерени количини, немате никаков проблем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma