
Навикната е да добива награди за песни, но сега е наградена и за “проза“….
Бијонсе доби награда од Здружението на афроамериканските новинари за најдобар напис на темата – уметност и забава.
Бијонсе ја доби наградата за написот “Јади, играј си, сакај”, кој во јули минатата година, го напиша за магазинот “Esens”. Пејачката во овој текст опиша како нејзиниот живот се променил откако направила пауза во својата кариера.
Бијонсе и Џеј-Зи, од неодамна станаа родители на девојче, Блу Ајв, а пејачката официјално наградата ќе ја добие на 15 мај.