
Изгледот на ноктите говори многу за човековото здравје, промените на ноктите може да биде показател за некоја болест.
Од голема важност е негата на ноктите, како и исхраната која ја внесуваме во организамот.
Секојдневно би требале да внесуваме многу овошје, месо, немирници богати со витамин Д и Е и калциум кој го поттикнува растот и цврстината на нактите и коските. Исто така лешниците, бадемите, орасите и храната богата со железо и протеини ги зајакнуваат ноктите, ккао и сокот од морков и чајот од нане.
СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО
Во стаклено шише сипете 0,6 дл сончогледово масло, 5 капки витамин А и 4 капки јод, па промешајте ги. Со оваа течност премачкувајте ги ноктите 2 пати дневно.
МАСЛИНОВО МАСЛО
Третман со омега киселина е вистински благодет за ноктите. Доволно е 10 минути да ги држите потопени во млако маслиново масло. Терапијата се применува секој втор ден се додека ноктите повторно не станат цврсти.
БИЛНО МАСЛО
Сипете во чашка млако билно масло и во него додајте 5 капки сок од лимон. Премачкајте ги 2 пати неделно со оваа смеса.
ЦРН ЛУК
Црниот лук преполовете го , па секојдневно со него тријте ги ноктите.
ТРЕТМАН СО МЛЕКО
Затоплете го млекото, потопете ги рацете и држете ги 5 минути во него. Со овој третман се зајакнуваат ноктите затоа што млекото е полно со лактоза и природни алфа-хидроксални киселини.