Фејт Вилсон(3), со тежок облик на дијабетес,повеќе пати била спасена од куче лабрадор кое на време ги чуствувал промените на шеќер во крвта.
Феј и Руби сега се неразделни пријатели.
Девојчето Фејт која боледува од смртонесен и редок облик на дијабетес,повеќе пати била спасена пд сигурна смрт од нејзиниот надобар пријател, кучето Руби, кое е специјално тренирано за да може со мирис да ги осети промените на шеќер во крвта.Така тој златен лабрадор на време ги известува родителите дека Фејт треба да прими терапија.
-Ако нивото на шеќер не се открие на време, Фејт ќе падне во кома, што после некое време е донесе до смрт.Навечер имав панични напади и цело време размислував како му е на моете дете.Без Руби моете дете оддамна ќе беше закопано- вели со сози во очите мајката на девојчето.
Руби чинела 10.000 долари бидејќи е специјално тренирана да го намириса мирисот кој се ослободува кога се менува нивото на шеќер во крвта.Семејството не можело да си дозволи, но ја добиле со помош на бројните донации.